Туристи на популарната плажа во Шпанија се згрозиле кога ископале човечка нога во песокот.
Мрачното откритие го донела жена која се шетала покрај морскиот брег во одморалиштето Гандија, на околу 64 километри од Валенсија. Видела чуден предмет до половина закопан во песокот и почнала да копа понатаму за да види што е тоа.
Сфаќајќи дека се работи за човечка нога, повикала итна помош и истрагата е во тек. Се стравува дека ногата му припаѓа на машки мигрант кој се упатил кон Европа.
Полицијата се упатила кон плажата откако една жена го вклучила алармот во неделата попладне и областа била веднаш затворена. Сликите од местото на настанот покажуваат дел од плажата опколен од полицајци зад столчиња за плажа.
Портпаролот на полицијата во Шпанија изјави: „Немаше скршеници на ногата, морето ја исфрлила цела, од колкот до глуждот. Неколку остатоци од облека и материјали укажуваат дека се работи за лице кое се обидувало да стигне до Европа“.
Се верува дека екстремитетот поминал милји пред да заврши на плажата во Гандија. Можела да се одвои од телото поради многу силни бранови кога силно невреме ја зафати Шпанија.
Во тек е обдукција и ДНК-верификација на исчезнатото лице. Во тек е потрага за пронаоѓање на остатокот од трупот.
Туристите не ги одврати страшното откритие бидејќи беа видени како се собираат во близина на плажата. Ногата сега е отстранета и пренесена во Институтот за Форензика и анатомија во Валенсија.