До четврток невремето ќе трае во Грција, а централните и источните делови на Грција веќе се зафатени од разорно невреме, поплави и порои.

Најинтензивно невреме и врнежи се очекуваат во Тесалија, Олимпискиот регион и Евија.

Ќе биде и многу свежо, со температури од 20 до 24°С, малку потопло на југ.

Така е и на островот Скијатос, чии улици се преплавени со порои.

Невремето по име „Даниел“ создаде големи проблеми и катастрофа на крајбрежниот фронт на Пелион, а особено во приморското село Агиос Јоанис.

By Author