Актерката не се плаши да го покаже своето тело, сите ја фалат за нејзината храброст, дека годините се само бројка го докажува таа.
Хали Бери (56) отсекогаш пленела со својот изглед, а изгледа дека ништо не се сменило ниту во 6-та деценија. Таа привлече големо внимание со нејзината последна објава на Инстаграм, каде буквално се разголи. Обожавателите се воодушевени од фотографијата на која убавата актерка потполно гола пие вино на балконот.
„Го правам она што сакам да го правам. Среќна недела“, напиша таа со провокативна фотографија, на воодушевување на многумина.
Следеа многубројни комплименти, како за изгледот, така и за храброста, а некои од нив беа и многу хумористични.
– Ова го ставам на мојата табла завизија за да ме инспирира во иднина.
– Во право си Хали, напорно работеше за да бидеш на таа позиција да правиш што сакаш. Биди своја јасно и гласно, тоа се само некои од коментарите.
Хали често зборува и покажува колку напорно вежба, зарем не би изгледала вака во 6-тата деценија.