Пејачката Ана Николиќ синоќа гостуваше во емисијата Амиџа шоу кај водителот Огњен Амиџиќ, а покрај неа, еден од гостите беше и пејачот Аца Лукас – кој дури се посрамоти од однесувањето на некогаш големата поп ѕвезда.

Коментарите на интернет често се брутални, а ниту овој пат не беше поштедена Ана Николиќ.

Еден дел од јавноста ја исмева, а други ја сожалуваат, тврдејќи дека е очигледно под дејство на алкохол, поради што не може да се однесува „нормално“ за време на шоуто. Пејачката постојано се вртеше, се наведнуваше, вртеше очи, зборуваше несоодветно и често нејасно.

Ана Николиќ во емисијата изјави дека не се сеќава на нејзините песни од порано.

„Цунами, тоа е твоја песна“, праша Амиџиќ.

Не знам“, рече Ана Николиќ.

Некои од твитовите се:

Ана Николиќ е единствената личност на светот покрај која Аца Лукас изгледа нормално“, стои во еден од коментарите.

By Author