Доволно е кратко да ги бланширате цветовите од брокула, а со неколку додатоци ќе го добиете најбрзиот можен ручек.
Состојки
брокула 500 гр
фета сирење 200 гр
виолетова главица кромид 1 глава
маслиново масло 2 лажици
со и бибер по вкус
Како да се подготви
Брокулата прелијте ја со врела вода, оставете ја да отстои пет минути, па исцедете ја. Додадете фета сирење исечкано на коцки и виолетов кромид или тенки прстени. Посолете и побиберете, па прелијте со маслиново масло и сè убаво измешајте. Послужете топло.