Поранешната руска тенисерка Марија Шарапова се реализираше во нова и убава улога.
Популарната Маша доби наследник Теодор со својот избраник Александар Гилкс, британски бизнисмен.
Таа објави дека е бремена на својот 35-ти роденден, а во петокот потврди дека се поминало во најдобар ред.
„Најубавата, најпредизвикувачки и на крајот најголемата награда и најдобриот подарок што може да го побара нашето мало семејство“, напиша Шарапова заедно со датумот и името на детето.
Шарапова и Гилкс се во врска од 2018 година, а свршувачката ја објавија во декември 2020 година.
Поранешната руска тенисерка ја објави таа вест неколку месеци откако убавата Русинка и една од најатрактивните тенисерки објави дека се повлекува од тенисот.