Доколку до сега не сте имале шанса, задолжително пробајте ја оваа верзија на сутилијаш, таа е уште поубава од класиката!

Состојки:

1 чаша ориз
3 чаши вода
500 мл млеко
6 лажици шеќер (зависи од вкусот)
1 кесичка пудинг од ванила
1 рака ореви или бадеми

Подготовка:

Измијте го оризот и варете го во вода. Пред крај додадете млеко и варете уште малку. Се меша пудингот со шеќер и со малку млеко, па се додава во оризот, цело време мешајќи на тивок оган додека не се згусне. Сутлијашот истурете го во навлажнети чинии и украсете со потпечени ореви, бадеми или само цимет, тоа веќе е работа на вкус.

By Author