Појадокот во текот на работната недела обично не е многу здрав, а често се состои од кафе и малку јаглени хидрати во вид на бело пециво или уште полошо чоколадно пециво.

Сепак, појадокот треба да биде најважниот оброк во денот, барем така тврдат многу нутриционисти. Најдовме рецепти на Women’s Healthu кои ќе ви помогнат да имате појадок што ќе ви даде многу енергија а и ќе ви помогне да изгубите тежина.

Нутриционистот откри три рецепти за најдобри смути за детоксикација

Свежо сирење со овошје
Состојки:
1/2 чаша младо сирење
1/4 чаша гранола
1/2 банана
1/2 чаша исечени јагоди
1/2 исечено киви
1/4 чаша боровинки
1 лажица чиа семе
цимет

Подготовка:

Во сад ставете го сирењето, а врз него сите останати состојки и готов е за послужување. Нутритивни вредности по порција: 387 калории, 9 g масти, 60 g јаглени хидрати, 21 g протеини, 11 g влакна.

Чоколадна овесна каша од чиа
Состојки:

1/2 чаша овесни снегулки
3 лажици какао
1 лажичка екстракт од ванила
2 лажици јаворов сируп
1/4 чаша грчки јогурт
1 лажица чиа семе
1/2 чаша билен пијалок без шеќер

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки за смесата да биде еднолична. Оставете го во фрижидер најмалку два часа да се излади или преку ноќ. Подготвен за послужување. Нутритивни вредности по порција: 272 калории, 8 g масти, 48 g јаглени хидрати, 11 g протеини, 9 g влакна.

Состојки за смути со спанаќ:

1 чаша јагоди
1/4 чаша боровинки
1/4 чаша малини
2 чаши спанаќ
1 банана
2 лажици грчки јогурт
1/2 чаша бадемово млеко

Подготовка:

Сите состојки се ставаат во блендер и се матат додека смесата не се изедначи.
Нутритивни вредности по порција: 151 калории, 3 g масти, 29 g јаглени хидрати, 6 g протеини, 6 g влакна.

By Author