Потребно е:
2-3 главици кромид
2-3 чешниња лук
4-5 тиквички
2-3 пилешки филети (или пилешка гради)
2 дл павлака
домат ( кечап)
пипер, сол, бибер, оригано

Подготовка:
На масло пропржете го кромидот, додадете го лукот, а тиквичките измијте ги, исечете ги по должина и издлабете ги за да формираат чамци, а потоа издлабениот дел од тиквичката исечкајте го на коцки и додајте ги во кромидот. Посебно варете го пилешкото месо, исечете го на коцки и додадете го во претходната смеса. Сè заедно динстајте додека не испари целата вода, додадете пипер, сол и бибер. Со оваа смеса наполнете ги тиквичките, наредете ги во огноотпорен сад или плех и пред печењето прелијте ги со рендан домат или кечап. Кога тиквичките се речиси печени, извадете ги од рерна, прелијте ги со павлака и вратете ги во рерна да се испечат уште малку.

By Author