Легионерската болест, предизвикана од бактеријата Легионела, може да доведе до тешка форма на пневмонија.

Во Полска до 11 септември се пријавени вкупно 23 смртни случаи поврзани со легионерска болест, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Пријавени се вкупно 166 случаи на оваа болест, соопшти СЗО, додавајќи дека од 7 септември не е регистриран ниту еден нов случај, пренесе Ројтерс.

Легионерската болест, предизвикана од бактеријата Легионела, може да доведе до тешка форма на пневмонија.

Според СЗО, најчестиот облик на пренос е вдишување на контаминирани аеросоли произведени заедно со прскање со вода, млазници или преку загадени извори на вода.

Во август, властите објавија дека полската агенција за внатрешна безбедност истражува дали појавата на легионерска болест може да биде резултат на намерна контаминација на водоводниот систем.

Изворот на инфекцијата се уште не е идентификуван и во тек е истрага за да се открие изворот на избувнувањето, соопшти СЗО.

By Author