Саудијската лига како стојат работите во скоро време ќе може да се мери со било која од Европа.

Поранешниот фудбалер на Пари Сен Жермен, Германец, Џулијан Дракслер, пристигна во Доха, каде по лекарските прегледи треба да потпише договор со Ал Ахли, пренесуваат француските медиуми.

Дракслер (29) е член на ПСЖ од 2017 година, а минатата сезона ја мина на позајмица во Бенфика. За клубот од Лисабон одигра само 18 натпревари и постигна два гола.

Германскиот фудбалер има договор со шампионот на Франција до јуни следната година, но раководството на ПСЖ оваа сезона не смета на Дракслер, поради што кариерата треба да ја продолжи во Ал Ахли. Тој треба да потпише договор со клубот од Саудиска Арабија до јуни 2025 година.

Пред ПСЖ, Дракслер играше за Волфсбург и Шалке. За германската репрезентација настапи на 58 натпревари и седум пати се запиша во листата на стрелци.

Ал Ахли е на третото место на табелата во Саудиската професионална лига со 15 бодови.

By Author