ОВЕН
Работа:
Солиден почеток на работната недела им претстои на Овните, па се очекува ангажман на повеќе страни, особено на комуникацискиот и техничко-организацискиот дел од работата.

Љубов: Нема поголеми бранувања на вашето љубовно море во споредба со претходниот ден, па не е лошо да се занимавате со сопствените мисли и очекувања.

Здравје: Можно променливо расположение.

БИК
Работа:
Многу добар, веќе воспоставен работен ритам ќе ги следи Биковите и овој понеделник за без проблем да ги завршат планираните задачи. Можеби ќе му помогнете на некој од соработниците.

Љубов: Нема најава за некои значајни промени на вашиот љубовен хоризонт во текот на овој ден во однос на претходниот.

Здравје: Одлично.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Еве можност Близнаците да бидат максимално активни на самиот почеток на новата работна недела и без поголеми проблеми да ги надминат повеќето професионални пречки.

Љубов: Исходот од љубовните настани на крајот од денот многу ќе зависи од вашата посветеност.

Здравје: Одлично.

РАК
Работа:
Вредните Ракови продолжуваат да ги исполнуваат обврските со добро темпо. Можно е пократко службено патување.

Љубов: Без некои спектакуларни настани на вашиот љубовен хоризонт денес, како малку да сте заспале.

Здравје: Оптеретена психа.

ЛАВ
Работа:
Приоритет на Лавовите на овој ден треба да биде подмирување на заостанатите долгови, документација и формалности со институциите, за да избегнат плаќање пенали.

Љубов: Некој близок денес би можел да се чувствува запоставено, затоа потрудете се да го спречите тоа да се случи.

Здравје: Психофизички замор.

ДЕВИЦА
Работа:
На типичните Девици им претстои солиден почеток на работната недела, па нема причина да не ги завршите закажаните обврски на време. Оние кои се поамбициозни би можеле да се занимаваат и со иницирање на нови идеи.

Љубов: Доброто расположение треба да се почувствува и на љубовната страна, со навестување на пријатно изненадување од саканата личност.

Здравје: Одлично.

ВАГА
Работа:
Продолжете да смислувате креативни идеи и планови, порано или подоцна повеќето од нив би требало да оживеат. Доброто расположение и добрата комуникација со деловното опкружување ќе бидат повеќе од доволна причина за задоволство.

Љубов: Можно интересно запознавање со личност која на некој начин е поврзана со странски земји или патувања.

Здравје: Одлично.

ШКОПРПИЈА
Работа:
Првиот работен ден, Скорпиите треба да се занимаваат пред се со незавршени задачи, како и со документи и формалности, пред да започнат со нови активности.

Љубов: Овој ден би можел да биде многу успешен во љубовната сфера доколку имате јасна цел, и сте подготвени искрено и отворено да излезете со неа пред саканата личност.

Здравје: Одлично.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Се оди како што треба, па Стрелците ги очекува нормален почеток на работната недела. Во основа, се е под ваша контрола и добрите деловни резултати доаѓаат како логична последица.

Љубов: Мислите не ви се доволно рационални, па можни се погрешни проценки кога станува збор за љубовната сфера.

Здравје: Многу добро.

ЈАРЕЦ
Работа:
Гледано од гледна точка на договарање и преговарање ЗА нови деловни планови, Јарците можат да очекуваат многу добри резултати во текот на овој работен ден.

Љубов: Слободните моменти обидете се да ги искористите за добра комуникација со саканата личност.

Здравје: Одлично.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Типичните претставници на Водолија денес би требало да имаат поповолни можности да заработуваат деловни поени, особено во сегментот на новитети.

Љубов: Неочекуваната средба со стара љубов треба да го одбележи овој ден, пред се во смисла на позитивна енергија и можеби нова надеж.

Здравје: Обидете се да избегнувате избрзани движења.

РИБА
Работа:
Доколку вашиот план за денешните обврски е доволно практичен, тогаш имате реални шанси да ги завршите повеќето од задачите навреме.

Љубов: Не е реално да очекувате дека денес ќе бидете актери на спектакуларни љубовни настани, но секако можни се мали изненадувања.

Здравје: Можна чувствителност на зглобовите.

By Author