Се враќаат маските во возилата за јавен превоз – Германија воведува нови мерки.

Во очекување на нов бран на корона вирусот во есен и зима, германската влада денеска донесе нови, построги мерки за епидемијата.

Меѓу другото, им се враќа и обврската за носење FFP2 маски во авиони и возови на меѓународни линии.

Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах, презентирајќи ги новите мерки, рече дека наесен се очекува „корона бран“, кој е речиси извесен, а може да се надмине токму со новите мерки.

Тој додаде дека провинциите ќе ги добијат сите можности да реагираат според ситуацијата.

Лаутербах истакна дека целта на „политиката за корона“ е да се избегне голем број смртни случаи, боледување и долгорочни последици.

Донесените мерки предвидуваат враќање на обврската за носење FFP2 маски во авионите и меѓународните возови, додека децата на возраст од шест до 14 години, како и персоналот, можат да носат „редовни“ медицински маски.

Обврската за носење маски се воведува во болниците и домовите за нега и стари лица низ Германија, но и негативен тест за пристап до овие институции.

Покраините ќе добијат можност да реагираат со две нивоа на мерки, во зависност од состојбата со епидемијата.

Така, од 1 октомври кога стапуваат во сила мерките, до 7 април кога се ограничени, можат да воведат дополнителни заштитни мерки.

Првото ниво предвидува воведување на обврска за носење маски во автобусите и сите возови, како и на јавните простори и угостителските објекти.

Второто ниво на мерки предвидува воведување на задолжителни растојанија, како и носење маски на отворено, на настани, со ограничување на бројот на присутни.

Локдауни и затворањето на училиштата не се планирани, но провинциите може да наложат задолжително тестирање на учениците.

By Author