Кога сте меѓународно позната музичка ѕвезда и успешна во деловниот свет како Ријана, не постои цена која е превисока. Па така, таа неодамна си купи нова вила со пет спални соби во Беверли Хилс, по цена од 13,8 милиони долари.

Првично конструирана во текот на триесеттите години од минатиот век, нејзината нова вила се наоѓа на скриена локација во планините и има површина од околу 2.100 квадратни метри.  

Вилата освен што рсполага со пет спални соби има и седум бањи, а се карактеризира со софистициран дизајн и комбинација на модерни и традиционални елементи.

Воедно луксузниот дом располага со отворен централен двор и тераса со ал-фреска, базен, спа-центар и неколку области со камперски оган, заедно со кујна нагласена со мермерни површини. Главната спална соба е опремен со вграден гардероба и посебен дел за уживање на отворено.

Куќата претходно беше во сопственост на инвеститорот Даниел Стар, кој ја купил во 2016 година, Пред Ријана да ја купи, вилата беше достапна за купување по цена од 15 милиони долари минатата година.

Покрај неа, пејачката поседува и куќа во Барбадос, стан во Лос Анџелес, како и надградбен стан.

By Admin