Во светот во моментов владее „дигитална криптовалутска треска“. Огромниот пораст на вредноста на биткоинот и другите криптовалути ги донесе крипто-милијардерите на голема врата на списокот на „Форбс“ за најбогати луѓе во светот.

Колку работи може да се случат за само една година, најдобро знаат оние кои вложиле во криптовалутите. Кога американската економија во март минатата гоидна „замрзна“, инвеститорите се испаничија, биткоинот падна дури за 50 отсто во еден ден, а воедно и другите криптовалути.

Дванаесет години покасно, иднината на дигиталните долари никогаш не била посветла. Биткоинот ги обори сите рекорди оваа година, а цената во март достигна бројка поголема од 60.000 долари. Другите криптовлути имаат сличен пораст, што доведе до тоа вкупната пазарна капитализација на криптовалутите да порасне за преку 1,5 билиони долари.

Сега и банките се насочени кон овој пазар

Како што расте крипто-пазарот, така расте и листата на богати луѓе. Дури 12 крипто-милијарддери влегоа на „Форбс“ листата најбогати и тоа за само една година.

Кој се најде на таа листа?

Камерон и Тајлер Винклвос

Браќата близнаци и поранешни веслачи го тужеа Фејсбук и добија 65 милиони долари, а потоа го претворија во уште поголемо богатство, па сега и двајцата имаат по 3 милијарди долари. Тие започнаа да купуваат биткоин во 2012 година.

Мајкл Сејлор

Сејлор е извршен директор на „MicroStrategy“, и е „тежок“, 2,3 милијарди долари. Тој го купи Биткоин пред големиот „бум“, што го поттикна растот на цената на акциите на неговата компанија.

Метју Розак

Розак ​​бил приврзаник на криптовалутите уште од 2011 година. Денес, неговото богатство се проценува на 1,5 милијарди долари.

Тим Дрејпер

Во 2014 година, купил биткоини во вредност од 18,7 милиони долари, кои претходно беа конфискувани од американските маршали од црниот пазар, Патот на свилата. Денес, тие биткоини вредат 1,5 милијарди долари.

Сем Фрајд

Банкарот Фрајд е најбогатиот крипто-милијардер. 29-годишникот ги заврши студиите на американскиот универзитет МИТ, сега тој е „тежок“ 8,7 милијарди долари.

Брајан Амстронг

Армстронг е извршен директор и ко-основач на „Coinbase“, чие богатство се зголеми за четири пати во изминатата година поради „бумот“ на пазарот на крипто-валути. Неговото богатство се проценува на 6,5 милијарди долари.

Фред Ерсам

Тој заедно со Армстронг го основаше „Coinbase“ во 2012 година. Тој ја напушти компанијата, но остана член на одбор, а неговите проценти во компанијата се проценуваат на 1,9 милијарди долари.

 Чанпенг Жао

Богатство од 1,9 милијарди долари.

Бери Силберт

Неговото богатство е врзано за конгломератот DCG, група за дигитални валути, го основаше во 2015 година, проценет на 1,6 милијарди долари.

Крис Ларсен

Коосновачот и претседател на „Ripple“ поседува богатство вредно 3,4 милијарди долари, како и неговиот партнер Мекејлеб чие богатство се проценува на две милијарди долари.

By Admin