Руската воена полиција денеска го уапси шефот на огранокот на паравоената група „Вагнер“ во Сувајда на југот на Сирија, како и тројца високи команданти во воздухопловната база Хмеимим, објави Комерсант, повикувајќи се на сириските медиуми.
Се додава дека воената полиција дошла и во претставништвата на паравоената група во Дамаск, Хама и Даир ел Заур.
Властите на Сирија и Русија се уште не ги коментирале овие наводи.