Видеото од интервјуто со рускиот претседател Владимир Путин од пред неколку години сега е широко споделено на социјалните мрежи до тој степен што стана вирално по вооружениот бунт во Русија за време на викендот.

На видеото новинарот го прашува Владимир Путин дали е склон да простува, односно дали може да им прости на луѓето околу него, пренесува Јутарњи лист.

„Да, но не се…“, одговара Путин.

„Што не можете да простите?“, го праша новинарот.

„Предавството“, рече рускиот лидер.

Ова видео, иако не се знае кога е направено, натера многумина да размислуваат за водачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, кој ги предводеше своите платеници на маршот кон Москва во саботата.

Некогаш беше човек близок со Путин и се збогати благодарение на него. Кога во саботата избувна бунтот, Путин потегот на Пригожин го нарече предавство и нож во грб.

Подоцна истиот ден Пригожин одлучил да го сврти конвојот и да ги повлече своите борци, а Кремљ објавил дека лидерот на Вагнер ќе замине во Белорусија и дека гаранција за тоа е зборот на Путин.

By Author