Како Русија се справува со неодговорното, неажурното и непрофесионалното работење. Во пожарот кој го зафати горниот спрат од трговскиот центар Зимска Цреша (Winter Cherry) во Март 2018гофина загинаа 60 луѓе.

Причина за пожарот е краткиот спој на осветлувањето во детската игротека во која загинаа 37 деца.

Истрагата во која биле вклучени 100 истражители покажала дека Јулија Богданова бившата директорка на фирмата која била сопственик на трговскиот црнтар и друѓите менаџери ѓи прекршиле прописите за заштита од пожар во трговскиот центар, каде што биле детските игротеки и кино салата.

Вчерa се изречени пресудите во кемерскиот окружен суд Завотској во кој осум луѓе се осудени на затворска казна, а во тек се уште три кривични постапки во врска со пожарот.

Богданова е осудена на 14години затвор, додека Надежда Суденок извршна директорка на компанијата Winter Cherry која го води трговскиот центар добила 13,5год. казна.

Уште шест други лица се осудени поради настанатата трагедија од 2018год. :

  • Горѓиј Собаљов – технички директор на Кемерскиот кондиторски комбинат (ККК) кој е сопственик на комплексот – 11год.
  • Сергеј Антјушин – менаџер за безбедност во трговскиот центар – 8год.
  • Игор Положиненко – шеф на фирмата која ги сервисирала против пожарните аларми – 6,5год.
  • Александар Никитин – инжинер на систем за против пожарна заштита – 6,5год.
  • Сергеј Генин – технисчки директор на компанијата за кондиторски производи Кемерово – 5
  • Бурсин – командант на против пожарната служба на првиот против пожарен одред во Кемерово – 6

изјавила портпаролката на истражниот комитет Светлана Петренко.

Тужителите рекле дека Богданова ги игнорирала правилата за заштита од пожари како би заштедила пари. Во тоа и помогнале Суденок и Собаљев. Положенко знаел за недостатоците и барал од Богданова да плати за подобрување, но таа го одбила, а тој пропуштил да пријави занемарување.

Адвокатите на Богданова, Суденок, Собаљев и Положиненко кажале дека ќе се жалат на казната пренесува руски Тас.

By Author