Марк Закерберг минатата недела најави промени во компанијата и кажа дека ќе доживее ребрендирање, денес го стори тоа.

Закерберг соосновачот и извршен директор на Фејсбук на конференцијата Facebооk Connect објасни дека компанијата е посветена на иднината и дека додека работат на своите друштвени мрежи, ќе градат и нови платформи на иднината како што се метаверзум Хоризон, па затоа сакаат компанијата да не биде позната само по Фејсбукот, како што е тоа од секогаш, туку да биде бренд кој е спственик на Фејсбук, Инсаграм, Вацап, Хоризон и многу друѓи платформи во иднина.

Новото име на компанијата ќе биде”Мета”.
Закерберг меѓу другото кажа и тоа дека “некој луѓе ќе кажат дека не е време за да се фокусираат на иднината и сакам да признаам дека постојат важни прашања на кој треба да се фокусираме во сегашноста, но секогаш ќе ѓи има”. Тој истакна дека верува дека има многу луѓе што се чувствуваат исто како него. Живеат за она што го градат, и додека прават грешќи, продолжуваат да учат, градат и да одат напред.

Закерберг најави дека месинџер повиците ќе доаѓаат во VR форма, а и основање виртуелен пазар во кој програмерите ќе може да продаваат виртуелна роба, тој го најави и новиот почетен екран во Okulus Quest како би ѓи направиле муабетењето и игрите во виртуелниот свет по друштвени.

Исто така Марк верува во тоа дека виртуелниот свет може да се користи за било што, од работа, игри и концерти до дружење со пријателите и семејството.

By Author