Ловната сеозна и не така одамна започна, а ја зема својата прва жртва.

Утринава 67 годишен кумановец е убиен додека бил на лов во кумановското село Гбреш. Ловџијата бил застрелал од неговиот пријател со кого заедно отишле на лов. Ловџијата подлегнал на повредите и починал на самото место.

Несреќата се случила утринава околу 08 часот, во шумата во близина на селото Габреш.

„Во 08.00 часот во СВР Куманово лицето И. С. (59) од Куманово пријавил дека во село Габреш, место викано Островица, пукајќи во лов го застрелал Ч. Р. (67) од село Лопате. Од страна на Брза помош е констатирано смрт на лице место, а увидот е се уште во тек“, соопштија СВР Куманово.

Неофицијално, ловџиите утринава заедно заминале на лов, по што се разделиле за заседа. По извесно време без координација истите се приближиле еден до друг во густо пошумен дел, по што ловџијата мислејќи дека видел дивеч (дива свиња) испукал во пријателот, по што самиот се пријавил во полициска станица.

By Author