Дарданелите, тесен и историски значаен премин што го поврзува Егејското Море со Црното Море, е витален пат за бродовите што патуваат меѓу Европа и Азија.

Поморскиот сообраќај од Егејското Море до Мраморното Море преку теснецот Дарданели е во прекин поради шумски пожар во северозападната турска провинција Чанаккале, соопштија од Министерството за транспорт и Агенцијата за транспорт Трибека.

Во соопштението на Агенцијата се прецизира дека сообраќајот преку Дарданелите е прекинат во двата правци, за да можат противпожарните авиони безбедно да земат вода од морето, пренесува Ројтерс.

Министерството за транспорт соопшти дека реморкерите се подготвени да интервенираат доколку пожарот се приближи до брегот и да обезбедат дополнителна поддршка во противпожарната акција.

By Author