Нешто пред 23 часот по локално време е испратена порака до жителите да го евакуираат селото Палиностунто Палагија.

Во Грција во последните 24 сати избувнале 63 шумски пожари. Како што пренесува kathimerini.gr, пожарот однел два животи, а болницата во Александрополис превентивно се евакуира.

Две лица се пронајдени мртви во Виотија и Еврос. Стотици пожарникари се борат со пожарите на десет огнени фронтови, од Александруполи до Китнос.

Нешто пред 23 часот по локално време е испратена порака до жителите да го евакуираат селото Палиностунто Палагија. Се замолуваат жителите на таа област да се евакуираат во правец на Александрополис.

Пораката е наведена: „Ако сте во Палиностунто Палагија, евакуирајте во Александрополис. Шумски пожар во вашата област. Следете ги инструкциите на властите“.

Во моментов е во тек голема операција координирана од здравствените власти за евакуација на Универзитетската болница во Александрополис.

Се наведува дека евакуацијата е мерка на претпазливост.

By Author