Претставничката на Албанија на Евровизија направи скандал првата полуфинална вечер кога на пресконференцијата за новинарите го покажа симболот на Голема Албанија а српските претставнички не останаа имуни на таа провокација па Ксенија со високо подигнати три прста ги заќути албанците, а сега се јави и нејзиниот татко Кнез.

https://www.instagram.com/p/COvBgwzDbzh/?utm_source=ig_embed&ig_rid=8721c20a-0a61-43b0-9caa-8bf98c900441

По тој повод се произнесе и Кнез кој истакна дека е горд на својата ќерка која е амбасадор на Србија на оваа Евровизија.

“Верувам дека секој учесник на овој натпревар е амбасадор на неговата земја, што значи дека тој треба да биде коректен во секоја смисла, дури и политички. Сe што иритира некој друг на кој било начин, треба да се третира како погрешно. Треба да бидеме достоинствени и да знаеме зошто сме во тоа натпреварување “, рече Кнез и додаде дека е горд на српските претставници.

By Author