Едноставно се подготвува
Потребни состојки:
2 китки лисја од магдонос
2-4 чешниња лук
2 лажици толчени (мелени) ореви или бадеми
40 гр пармезан
10 лажици маслиново масло
Подготовка:
Магдоносот ситно се сечка, се чисти и се пасира лукот, па се меша да стане паста.
Додадете две лажици толчени, може и мелени ореви или бадеми, пармезан и десет лажици маслиново масло. Измешајте сè заедно, па ставете го во фрижидер додека не го послужите.
Послужете со печење или со компири.