Пожарот што избувна во средата во грчкиот регион Коринт, повторно се разгоре.
Досега се уништени 55 квадратни километри во оваа област на полуостровот Атика, каде што се наоѓа главниот град Атина.
Пожарот се гасне со авиони, хеликоптери и силни копнени противпожарни сили, но тешко е пристапен до многу делови, од кои се шири пожарот, пренесува грчки „Катимерини“.
Неколку населени места беа евакуирани, силен ветер придонесе за ширење на пожарот, но и фактот дека немаше дожд еден месец, процени метеоролошката служба во Атина.
Експертите предупредуваат и на опасноста од свлечишта и поплави што може да следат затоа што се уништени големи површини под шумата.