Немојте секогаш да го храните детето како би изело сè од чинија. Дозволете му на вашето бебе да го совлада „фатот за пинцета“.
До 9 месеци, повеќето бебиња развиваат фини моторички вештини. Тоа се мали, прецизни движења, кои детето треба да ги земе храната со прстите или некои други работи. Тоа ќе го забележите со тоа што детето може да држи нешто само со показалецот и палецот. Ова е таканаречениот фат со пинцети, пренесува Бебологија.
Кога ќе почнете да го учите вашето дете да јаде со прсти, го учите и на самосталност и здрави животни навики. На овој начин детето добива контрола врз тоа што јаде, но и колку.
Што треба да јаде бебето?
Можете да му дадете на вашето дете и од тоа што го подготвувате за себе. На пример, ако правите тиквички, само обработете ги уште малку за да станат меки. Потоа, храната исечкајте ја на ситни парчиња. Така можете да дадете и банана, добро сварени тестенини, сечкано пилешко и слично.
Пред да му дадете на вашето дете храна, поставете си неколку прашања:
Дали се топи во устата?
Дали е доволно зготвено?
Дали е меко?
Дали е доволно сецкан?
Детето може да одбие да јаде само, но не се откажувајте. Нудете го почесто, па полека ќе прифаќа различни текстури на храна. Некои деца, на пример, едноставно не ја сакаат текстурата на месото. Така, можете да започнете со добро сварено месо, како што е мисирка.
Не го форсирајте или присилувајте дете, туку нудете го често. Имајте на ум дека на детето му се потребни 10 или повеќе пати да прифати нов вкус.
Која храна треба да ја избегнувате на парчиња?
Постојат некои намирници кои можат да доведат до задушување и сериозно да го загрозат животот на детето. Тоа се:
Тврдо овошје и сурови парчиња зеленчук
Грозје, боровинки, шери домати
Јаткасти плодови, семиња
Путер од ореви
Цели колбаси и виршли
Слатки и бонбони
Пуканки, грицки