Оревите се полни со влакна, масти, минерали и витамини и ова се само дел од нивните придобивки за организмот. Ова е докажано со многу студии.
Во рандомизирано контролирано испитување, истражувачите откриле дека консумирањето ореви на дневна основа, како дел од правилната исхрана, е поврзано со зголемување на бројот на добри бактерии во цревата, што има ефект на подобрување на факторите на ризик за срцеви заболувања.
Претходните истражувања покажаа дека оревите, во комбинација со исхрана со малку заситени масти, може да имаат корисен ефект врз здравјето на срцето го намалува холестеролот и крвниот притисок.
Во една студија објавена во Journal of Nutrition, истражувачите собраа 42 учесници кои беа со прекумерна тежина или дебели на возраст од 30 до 65 години. Пред да започне студијата, учесниците биле подложени на просечна американска диета две недели. Последователно, учесниците беа по случаен избор доделени на една од трите диети, која вклучуваше помал внес на заситени масти од оние на кои беа подложени пред почетокот на студијата. Видовите на диети кои се користеа беа: диета која содржи цели јаткасти плодови, диета без јаткасти плодови што содржи иста количина на алфа-линолен киселини (ALA) и полинезаситени масни киселини и исхрана без јаткасти плодови која делумно ја замени олеинската киселина со истата количина на ALA што се наоѓа во јаткастите плодови. Во сите три диети, јаткастите плодови или растителните масла ги заменија заситените масти, а сите учесници ја следеа секоја од овие диети шест недели, со паузи помеѓу нив. За да го анализираат составот на бактериите во дигестивниот тракт, истражувачите собрале примероци од столицата 72 часа пред учесниците да ја завршат почетната диета и за секој од трите периоди на проучување на исхраната.
Тие откриле дека исхраната која содржи јаткасти плодови го зголемува бројот на цревни бактерии кои биле поврзани со здравствени придобивки во минатото, како што се бактериите од родот Roseburia, која е поврзана со заштитниот ефект на цревата.
Истражувачите забележале и зголемување на бактерискиот вид Eubacteria eligens и родот Butyricicoccus. Eubacterium eligens покажа инверзна поврзаност со промените во неколку различни параметри на крвниот притисок, што укажува дека поголем број на овој тип на бактерии е поврзан со поголемо намалување на овие фактори на ризик. Покрај тоа, повеќе бактерии од родот Lachnospiraceae беа поврзани со поголемо намалување на крвниот притисок, вкупниот холестерол и не-HDL холестеролот. Не беа пронајдени значајни корелации помеѓу зголемувањето на бројот на бактерии и факторите на ризик за срцеви заболувања по другите две диети.
Научниците истакнуваат дека храната како оревите обезбедува разновидна низа супстрати, како што се масни киселини, влакна и биоактивни соединенија, за да ја нахранат нашата цревна микробиота. Од друга страна, овие супстрати можат да помогнат во создавањето на корисни метаболити за нашето тело. Оваа студија сугерира дека оревите можат да влијаат на здравјето на цревата, а научниците сега се заинтересирани како да го прошират ова и да го разгледаат влијанието врз нивото на шеќер во крвта.