Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,65% во однос на одлуката од 26.5.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната
пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,694%, кај дизелот за 0,269%, кај
екстра лесното масло за 0,479% и кај мазутот зголемувањето е за 1,637%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со
претходната пресметка е повисок за 0,145%
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство
на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,742 ден/кг и сега ќе изнесува 40,175
ден/кг.
Од 30.5.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 40,175 (денари/килограм)