Тајсон верува дека канабисот може да се користи и за лекување на трауми кај војниците, кај млади луѓе со епилепсија и многу други проблеми.

Боксерската легенда Мајк Тајсон се пробива во светот на бизнисот преку потенцијално партнерство со израелската компанија за медицинска марихуана InterCure.

InterCure исклучиво ќе одгледува, произведува и дистрибуира на меѓународниот пазар производи за јадење од марихуана наменети за медицинска употреба. Компанијата склучува договор со Тајсон и неговата компанија за канабис „Тајсон 2.0“, која е основана во октомври 2021 година.

Тајсон во понеделникот за „The Claman Countdown“ изјави дека договорот е „нешто за што никогаш во милион години не верував дека може да се случи“.

– Го имам најдобриот тим на светот и многу сум среќен што сум на оваа позиција – изјави тој.

Тајсон додаде дека работи со „најдобрите одгледувачи“ и луѓе кои се во индустријата со години.

– Стануваме деловни партнери и сега можам сериозно да ја капитализирам и манипулирам со индустријата за канабис – рече тој.

Претседателот на InterCure рече дека компанијата сака да ги дистрибуира производите на Тајсон во Германија, Австралија, Велика Британија, Европа и пошироко.

Тајсон соработувал на полето на канабисот и со боксерскиот шампион и поранешен ривал Евандер Холифилд и со него објавил специјална линија производи „Holy Ears“. Дуото беше познато затоа што за време на нивниот боксерски натпревар во ВБА шампионатот во тешка категорија во 1997 година, Тајсон му одгризал дел од увото на Холифилд.

– Ова е претприемништво, а во компанија сите можеме да бидеме пријатели и да заработиме многу пари – рече Тајсон и додаде: „Му објаснував на еден човек дека ние сме единствените двајца борци кои сè уште добиваат плата за 30-годишна стара борба“.

Тој смета дека марихуаната може да се користи за лекување на трауми кај војниците, кај млади луѓе со епилепсија и бројни други проблеми.

By Author