Поради рекордната инфлација, четири од 10-те најскапи градови се наоѓаат во Западна Европа.

Сингапур и Цирих се прогласени за најскапи градови во светот оваа година, а потоа следи Њујорк, откри истражувачката и аналитичката филијала на Economist Group, наречена Economist Intelligence Unit (EIU). Станува збор за студија за трошоците за живот во светот, која беше објавена оваа недела.

Сингапур на тој начин ја задржа позицијата на најскап град во светот по деветти пат во последните 11 години. Овој град-држава има највисоки транспортни цени во светот, а воедно е и еден од најскапите за облека, намирници и алкохол, според истражувањето, пишува RT.

Цирих се искачи од шестото на второто место, речиси се израмни со Сингапур – поради зголемените цени на храната, стоките за домаќинство и рекреативните производи, како и силата на швајцарскиот франк.

Њујорк падна на третото место, изедначено со Женева, додека Хонг Конг беше петти.

Листата на првите десет ја заокружија Париз, Копенхаген, Лос Анџелес, Сан Франциско и Тел Авив. Истражувањето, инаку, беше спроведено пред ескалација на непријателствата во Газа, се наведува во извештајот.

Поради рекордната инфлација, четири од 10-те најскапи градови се наоѓаат во Западна Европа. Конкретно, храната и облеката поскапеа.

By Author