Луѓето сакаат да палат миризливи свеќи и тие се најнездравото нешто што можете да го внесете во вашиот дом, но постои и едно ако се…

Романтика, медитација…. сакате да палите свеќи во вашиот дом? Познато е дека можат да имаат смирувачки ефект, па медитацијата со свеќи е многу честа појава во домовите на луѓето кои се борат со депресија, несоница, алергии, анксиозност… За жал, тие се едни од најштетните работи кои можете да ги внесете во куќата.

Експертите ја нагласуваат штетноста на парафинското масло и вештачките мириси, кои можат да се најдат во класичните миризливи свеќи. Вештачките хемикалии во свеќите можат да предизвикаат проблеми со белите дробови, зголемени алергиски реакции и зголемени шанси за развој на астма. Исто така, може да предизвикаат иритација на очите, главоболка, вртоглавица, затнат нос…

Миризливите свеќи се направени од парафин, кој не е здрава хемикалија бидејќи содржи алкани и алкени – а вдишувањето парафин може да се спореди со вдишување на издувни гасови од дизел. Парафинскиот восок е нуспроизвод на нафтени продукти кој всушност е црн, а потоа избелуван и измешан со мириси за да се користи за да се направат прекрасни свеќи.

Кога парафинот во свеќата почнува да гори, се шират саѓи и олово кои ги вдишуваме, а во исто време му штети на нашето здравје.

Според студијата на американското Министерство за земјоделство, согорувањето на парафинот во свеќи контаминира и ослободува канцерогени честички како бензен и толуен, кои се поврзани со рак и астма. Фитилите за свеќи може да содржат и тешки метали како што е олово.

Внимавајте на составот и избегнувајте го следново: олово и парафин, алкохол, дестилати, естри, формалдехид и нафта.

Добро е свеќите да се направени од 100% пчелин или растителен восок, имаат памучни фитили, без мешавини и содржат чисти етерични масла.

И така можете 100% здраво да уживате во романтиката.

By Author