Словенската исхрана дава одлични резултати.

Трендот во нутриционизмот кој нè поттикнува да јадеме храна и јадења што ги јаделе нашите предци – Јужните Словени, станува се посилен.

Теоријата е дека ние сме генетски предодредени за одреден тип на исхрана што е полесна за нашето тело, полесна за обработка и подобро компатибилна со нашиот метаболизам. Така, некои намирници, иако можеби се здрави, ако доаѓаат од далечни земји всушност може да го оптоварат нашето тело, да го забават метаболизмот и да доведат до зголемување на телесната тежина.

На пример, во скандинавската исхрана е нагласено дека треба да се јаде многу риба како лосос, а во јапонската исхрана многу ориз и алги – но тоа не е храна од оваа област, па нутриционистите се повеќе се залагаат дека ние треба да ѓи консумираме умерено до ретко, додека треба да користиме некои локални „богатства на здравјето“.

Затоа, секој народ треба да јаде тоа што го јаделе неговите предци, а во нашиот случај тоа што јаделе Јужните Словени. Така, наместо ориз, треба да јадеме јачмен и пченица, како и да ја збогатиме храната со семиња како лен и пченка.

Традиционално, исхраната на јужните Словени, поради суровите зими, вклучувала конзумација на месо и риба, а акцентот отсекогаш бил ставен на варено црвено месо. Затоа, чорбите и супите треба да ги јадеме со месо, особено во постудената сезона.

Освен тоа, нутриционистите препорачуваат во исхраната да вклучиме кисела зелка, цвекло, краставици и пиперки бидејќи кисела или ферментирана храна поттикнува добро варење и урамнотежена цревна флора.

Што се однесува до овошјето и зеленчукот, обидете се да ги јадете сезонски – затоа не јадете јагоди во зима, а исто така се советува да ја намалите потрошувачката на тропско овошје несвојствено за оваа област на минимум.

Мени за исхрана на Јужните Словени:

Појадок: Чаша кефир или јогурт, семки по избор, јаболко исечкано на коцки.

Ужина: овошје по ваш избор.

Ручек: Чорба со црвено месо, леб од леќа.

Вечера: Цвекло, парче леб од леќа со намаз од сирење, малку чадена шунка.

Оваа диета не бара броење калории. И за вас е многу важно да разберете дека можете да јадете колку и кога сакате, се додека е во умерени количини и дека тоа е храна богата со хранливи материи што го хранат и негуваат телото.

Исхраната на јужните Словени не треба да го оптоварува организмот и треба да го подобри варењето, да го забрза метаболизмот и да ги намали воспалителните процеси во организмот, кои со комбинација на физичка активност ќе доведат до губење на тежината – до 5 килограми за еден месец.

By Author