Најубавата новогодишна трка во Европа годинава се одржува во главниот град на Австрија. Трасата на 46-та празнична трка води, како и досега, низ познатата виенска улица Рингштрасе.
Учесниците на трката на патеката долга 5 километри ќе можат да уживаат во погледот на најубавите градби на царскиот град, како што се Државната опера, музеите, палатата Хофбург, зградата на Парламентот, Бургтеатарот.
Секоја година на овој настан учествуваат сите генерации од целиот свет, врвни спортисти и оние кои трчаат од хоби. Многу учесници ќе бидат облечени во различни костими. Покрај пријавените натпреварувачи, на овој настан добредојдени се и пешаци.
Трката започнува на 31 декември во 11 часот. Стартот е пред зградата на Универзитетот, а очекуваниот крај на трката е во 00:30 часот.
Се е подготвено за најголемиот пречек во Австрија. Омилената манифестација на новогодишната прослава, виенската „Новогодишна патека“ се враќа по две години, кога беше откажана поради пандемијата на корона вирусот. Посетителите на патеката можат да очекуваат бројни гастрономски специјалитети и ќе имаат можност да уживаат во секаква музика. На шест локации во центарот на Виена се очекува да се соберат околу 800.000 луѓе од целиот свет.
Програмата започнува во 11:00 часот и трае до два часа по полноќ. Заедно со традиционалните јадења, посетителите ќе можат да уживаат во сите видови музика – поп, рок, соул, хаус и валцер. Покрај музичките настапи во живо, Бечлиите и нивните гости ќе ги забавуваат диџеи, а има и бројни програми за деца. „Новогодишната патека“ започнува од плоштадот Фрајунг, преку плоштадот Ам Хоф, Грабен, плоштадот пред катедралата Св. Стефана, Кертнерштрасе до Нојен Маркт.
Посебен омиленa е патеката со класична музика на Грабен. Во текот на попладневните часови на тој плоштад се нудат бесплатни курсеви за валцер, кои по неколку тактови се претвораат во сала за бал на отворено. Традиционално, дунавскиот валцер се танцува на полноќ, а познатиот часовник Пумерин на катедралата ќе означи полноќ. Пумеринскиот часовник ѕвони само за специјални прилики, а ѕвонењето се емитува од радио и ТВ станици заедно со дунавскиот валцер на Штраус.
Покрај прославата на „Новогодишната патека“, за посетителите се подготвени и бројни изложби, концерти, опери, оперети. Виенската државна опера традиционално на новогодишната ноќ ја игра „Лилјакот“ од Јохан Штраус. Новогодишното утро започнува со познатиот концерт на Виенската филхармонија во 11:15 часот, кој во живо се емитува на плоштадот пред Соборниот храм Св. Стефан.