Според проценките, секоја четврта сообраќајна несреќа со смртни последици е предизвикана од микроспиење

Дали знаевте дека ризикот од заспивање на воланот се зголемува ако некој спие на совозачкото седиште? Се верува дека стабилното дишење и тишината на заспаната личност има смирувачки ефект врз луѓето околу нив. Во автомобил, овој ефект е уште посилен, особено кога се вози на монотон автопат или ноќе.

Според истражувањето на германскиот совет за безбедност на патиштата (DVR), секој четврти возач заспал на воланот. Дури и ако ги затворите очите „само за момент“, тоа може да биде доволно за да предизвикате сообраќајна несреќа, бидејќи ако очите ви се затворат три секунди во автомобил кој вози со брзина од 100 km/h, ќе пропуштите 80 метри од патот, пишува списанието Феникс.

Тешко е да се процени колку несреќи се предизвикани од ваквото ’микроспиење’ бидејќи тоа е многу тешко да се докаже на суд, а одговорното лице ретко ќе се инкриминира. Според проценките, секоја четврта сообраќајна несреќа со смртни последици е предизвикана од микроспиење.

Денес ваквите опасности се помали, но сепак постојат. Современите автомобили доаѓаат со бројни системи за помош на возачот. Некои имаат детекција на замор и ќе го предупредат возачот со аудио-визуелни сигнали дека е време да се одмори. Почеста опција е системот за предупредување за напуштање лента, кој ќе ве извести со вибрирање на воланот, седиштето или звучните сигнали. Има и возила кои сами ќе се вратат на коловозната лента.

Да бидеме реални кај нас многу малку од автомобилите што се уклучени во сообраќајот ги поседуваат овие системи, најчесто возилата што се движат во државава се по 10 и повеќе години стари. Затоа да бидеме одговорни према себе а и спрема останатите учесници во сообраќајот.

Не ни требаат предупредувања од автомобил доколку внимаваме на сопственото тело. Честото прозевање, тешките очни капаци, внатрешниот немир и падот на концентрацијата се јасни знаци дека е време за пауза, ако не и за преспивање.

By Author