Научно е потврдено дека допирот на нашите сакани го намалува стресот, затоа што ние сме првенствено социјални суштества и уживаме во придобивките што ги нудат чувствата на меѓучовечката физичка интимност. Сега, топирите на блиските се чини дека луѓето почнаада ги заменуваат со питони. Ова е токму случајот во спа центар во Каиро, Египет, каде поради што поголемо задоволство и релаксација луѓето започнаа да применуваат „страшни методи“.

Уникатниот спа центар кој ја воведува првата масажа со змии во светот се наоѓа во главниот град на Египет. Имено за третманот се задолжени бројни видови од ова семејство на влекачи, кои се задолжени за ползење по тело. На прв поглед, оваа идеја се чини дека е антитеза на релаксација и заздравување на телото, но едно е сигурно, а тоа дека овој нов вид на масажа не е наменет за секого. Триесетминутната спа-сесија со змии започнува со триење на грбот со есенцијални масла. Потоа следува застрашувачка церемонија во која се вклучени 28 видови питони, кои не се отровни, но се пуштени слободно да се движат по телото на храбрите клиенти.

Според изворите, живи змии лазат по грбот, но и по лицата на луѓето, што во голема мера придонесува за релаксација и наводно ослободување на болка, но пред сè за внесување на голема доза на самодоверба на крајот од сесијата.

Еден од клиентите кој направил масажа со змии, изјавил: „Откако змиите беа ставени на мојот грб, почнав да чувствувам олеснување и опуштање на мускулите. Иако сум човек кој многу се плаши од самата помисла на змии кои се шират низ моето тело, стравот, нервозата и напнатоста одеднаш исчезнаа и целото искуство ми овозможи чувство на дополнителна самодоверба и физичко подмладување “.

Видеото, во кое за првпат се ипрезентира целиот процес пред јавноста, ги остави зачудени сите посетители на интернет, не само поради храброста на сите корисници на оваа спа програма, туку и непотврдени тези поврзани со теоријата за тоа како змиите навистина придонесуваат нешто за време на процесот. Покрај поделените мислења и општата војна што се појави по тоа видео, сепак факт е дека постојат одредени психолошки придобивки што произлегуваат за време на третманот, како што се надминувањето на стравот од змии и лечење од офидиофобијата.

By Admin