Сите ние се трудиме да се најдеме еднаш на работа во која навистина ќе уживаме – каде ќе ја завршиме работата за која се образувавме и каде сè ќе биде како што сакаме.

Луѓето работат не само затоа што мораат да заработат пари за да си обезбедат на себе и на своите семејства, потребна храна и слично, туку и да останат активни и да се развиваат.

Ако не работевме – сигурно ќе полудевме! Благодарение на работните и деловните обврски, нашиот живот има поголемо значење затоа што имаме цел пред нас. Бидејќи работата е неопходност – среќни се оние кои ја работат работата што ја сакаат а овие се индикатори дека работата што ја работите е вашата работа од соништата:

Со задоволство одите на работа

Ако одите со задоволство на работа, тогаш е многу веројатно дека тоа е вашата работа од соништата. Ако колегите се луѓе со кои се согласувате и во чие присуство се чувствувате добро – тогаш сте оформиле пријатна атмосфера во  деловно опкружување.

Се разбира, никој не е постојано задоволен од својата работа, но ако сте сепак задоволни поголемиот дел од времето на работа – вие сте дел од група луѓе кои го прават она што го сакаат.

Желба за напредок

Љубопитноста и желбата се многу неопходни за успех и напредок. Ако вашата работа ве тера да сакате да напредувате – тогаш нема да ви здосади таа работа, а вашите знаења и вештини ќе се зголемат.

Кога се грижиме за нешто и сме заинтересирани тоа е доказ дека е важно за нас и не се откажуваме од тоа така лесно без разлика на неуспесите. Работодавач кој ги има овие вработени може да се опушти – затоа што работата ќе му се подобри.

Работата ви е предизвик

Лесната работа може да биде добра за оние кои не се стремат кон предизвици и кои се задоволни од својата позиција, кои не сакаат да напредуваат. Се разбира, повремено секој може да ужива во ден без предизвик.

Но, предизвиците се тие што прават нашата крв да зоврие и да се чувствуваме живи, и ако поминете барем осум часа на работа секој ден  и се уште се чувствувате свежи тоа е одличен знак, бидејќи во спротивно може наскоро да се чувствувате очајно, по што ќе немаате мотивација и желба за работа, напредок, успех.

Континуирана мотивација

Мотивацијата е многу важна за успех. Тоа го одредува нашиот напредок, бидејќи без него тој не би постоел. Сите оние кои се мотивирани секој ден да извршуваат задачи на своето работно место, можат да бидат сигурни дека ја работат својата работа од соништата.

Без мотивација, работата ви претставува терет. Бидејќи работата е неопходна, ако нема мотивација, тоа е еднакво на тортура. Затоа среќните се оние чија мотивација не заминува и кои знаат да останат секогаш мотивирани.

By Admin