Трик за најбрзо боење на велигденските јајца за сите зафатени домаќинки кои немаат многу време
Ви го пренесуваме трикот како најбрзо да ги обоите а да имате убави и уникатни велигденските јајца.
Потребно е:
Јајца
Повеќе врсти на боја
Алкохолен оцет
Зејтин
Вода
Како да ги направите: Сварете ги јајцата и изладете ги. Можете да ги сварите и еден ден претходно. Во тенџере ставете вода да зоврие, а над неа ставете цедалка. Јајцата ставете ги во решетка (цедалка). Ставете околу десетина јајца. Попрскајте ги јајцата со алкохолен оцет и посипете ги со една од прехранбените боји, покријте со капак и причекајте неколку моменти потоа повторно попрскајте ги со оцет и посипете ги со наредната боја и се така додека не ги искористете боите што сте ги припремиле.
Комбинирајте повеќе бои по ваш избор. Оставете ја пареата да ги обои јајцата. Ќе го добиете најубавото и најбрзо бојадисано јајце.
Откако ќе завршите со бојадисувањето јајцата премачкајте ги со масло, и тоа е тоа јајцата се готови за десетина минути.