Сопственикот на компанијата Икс, поранешниот Твитер, Илон Маск, на социјалните мрежи објави дека натпреварот во кафез, со генералниот директор на компанијата Мета, Марк Цукерберг, ќе се пренесува во живо на платформата Икс.

Двајца бизнисмени и милијардери се предизвикуваат меѓусебно на социјалните мрежи од јуни и најавуваат натпревар во мешани боречки вештини во кафез во Лас Вегас, пренесува Ројтерс.

„Борбата меѓу Марк и Маск ќе се пренесува во живо на Икс. Сите приходи ќе бидат наменети за добротворни организации за ветерани“, рече Маск во Икс пост рано утринава, без да даде детали.

Тој претходно на Икс објави дека секој ден „крева тегови и се подготвува за борба“. Кога еден корисник на платформата Икс прашал која е поентата на таа борба, Маск одговорил дека тоа е „цивилизирана форма на војна“.

А мажите сакаат војна“, заклучил Маск.

By Author