Одронот започна во четвртокот попладне кај хотелот „Сансет Шови“ во село Шови.

Бројот на загинати во природната катастрофа во грузискиот регион Рача се искачи на 17, соопшти МВР.

„Во овој момент спасувачите пронајдоа 17 тела. Во рамки на спасувачката акција на безбедно место се евакуирани повеќе од 200 лица“, соопшти МВР, а пренесува Риа Новости.

Според Министерството, спасувачката акција во зоната на катастрофата трае трет ден по ред. Во работата се вклучени пожарникарски и спасувачки служби, полицајци, воен персонал, ракувачи со кучиња, специјална опрема и хеликоптер на граничната служба.

Одронот започна во четвртокот попладне кај хотелот „Сансет Шови“ во село Шови. Како резултат на тоа, реката со масивни одрони однела мостови, оштетила патишта и прекрила куќички до хотелот.

Со гранични хеликоптери на МВР е извршена евакуација на повеќе од 200 граѓани. На лице место работат повеќе од 400 спасувачи и воен персонал. Премиерот Иракли Гарибашвили го прогласи 7 август за ден на жалост.

By Author