Менаџер на локал претепал постар пар кој сакал да положи пешкири на плажа на Халкидики. Инцидентот се случи на плажата Кастамонити во Никити за време на протестот „Движење за пешкир“ организиран низ Грција бидејќи баровите се повеќе зафаќаат простор на плажите.

Како што пишува „Прототема“, а пренесува Информер, одговорното лице прво им забранило да пливаат на плажа, а потоа и физички ги нападнало. Сопругот на повозрасната жена заврши во болница.

– Сабота наутро, 10:00 часот. Бидејќи имав операција на мозокот, одиме рано на плажа. Бевме на два метри од нивните лежалки на јавно место. Дојде и почна да пцуе – се пожалила жената.

Сепак, менаџерот не застанал на пцовки, туку ја удрил 70-годишната жена.

– Господине, зошто сме неблагодарни? Што ни понудивте за да бидеме неблагодарни? Ме удри со тупаница на местото каде што бев оперирана. Паднав на песокот, маж ми стана и рече: „Што правиш, жена ми е оперирана“.

Менаџерот потоа, како што опишала жената, се префрлил на нејзиниот сопруг, кој го фрлил на песокот и му ја искинал кошулата.

-Повикав помош, но никој не дојде… Девојка што не ја познавам повика полиција и брза помош – се пожалила жената.

Мажот (74) е пренесен во болница каде поради повредите му била извршена операција на коленото, пренесува „Прототема“.

„Движењето пешкир“ основано на Родос
Да потсетиме, „движењето пешкир“ се роди во јуни на Родос со создавањето на мрежата “Umbrella” формирана од граѓани кои сакаа да укажат на мноштвото незаконски активности на плажите на тој грчки остров.

Движењето потоа се прошири на Парос, а потоа и на другите острови и плажи во туристичките области.

By Author