Пејачката Марија Шерифовиќ реши да патува со нејзиниот пријател Милош во Дубаи, но на аеродромот веднаш ја дочекаа проблеми.Имено, кога слетале, пејачката веднаш поминала пасошката и царинската контрола, додека нејзиниот пријател бил приведен поради неговиот пасош.
Луѓе, стигнав и поминав низ пасошка и царинска контрола, ги зедов куферите и направив сè. Сепак, човекот кој беше на пасошка контрола го испрати Милош во собата за имиграција. Милош го нема 40 минути, сè уште не му го дале пасошот. Сега не знам каде е човекот, ниту дали ќе дојде и кога ќе се јави. Ми рече дека сите пред него поминале. Милош, уби ли некого без да знам јас? Ајде да тргнеме од тука. Претпоставувам дека ќе го ослободат – рече таа во својот нов клип на Јутјуб.Времето мина, а Милош не се појави, па Шерифовиќ реши да провери што му се случува.- Милош го нема. Поминаа уште 35 минути, во овој момент тој чека повеќе од час и половина. Отидов кај чичко полицаец да го замолам да провери дали можеби некого убил и дали ќе излезе да знам да одам во хотел, гладна сум. Човекот ми рече дека сè е во ред и дека од имиграционо ќе го добие пасошот за 15 минути. Сега поминаа десет. Седам сама на аеродромот како луда и чекам да го ослободат Милош – рече таа.- Морам да признаам дека бев загрижена. Аеродромот е празен, нема никој никаде. Тој седи и чека мажот на пултот да го му го вратат пасошот. Поминаа два часа откако слетавме. Каков циркус би направила и завршила во затвор.Марија откри дека го чекала два и пол часа за другарот и дека на крајот отишла сама до сместувачката куќа.