Претседателот на Франција рече дека Соединетите Држави победија кога станува збор за вакцините против колвида 19, благодарение на огромните инвестиции и брзите експериментални третмани. Макрон ги повика своите сонародници да се приклучат на „националниот воен напор“ за дистрибуција и производство на вакцини, пренесува агенцијата АП.
За време на посетата на фабрика која започна да ги полни и пакува вакцините „Фајзер“ оваа недела, претседателот на Франција вети дека Франција годинава ќе произведе 250 милиони дози вакцини за домашна и глобална употреба.
Во услови на незадоволство во Франција во врска со фактот дека ниту една француска компанија досега не ја произведе вакцината и покрај моќната фармацевтска индустрија, Макрон вети дека ќе вложи постојани напори за поттикнување на развој и производство на вакцини на локации како што е фабриката во Делфарм што ја посети западно од Париз.
Франција е под нови ограничувања веќе еден месец, во обид да го намали притисокот врз болниците кои се борат со нов прилив на пациенти. Макрон ја истакна важноста од забрзување на процесот на вакцинирање, велејќи дека сака целата земја да биде мобилизирана за вакцини и да „дава дози, но и да ги произведува“.
„Тоа е навистина колективен, национален воен напор“, рече Макрон.