Тој беше во брак со кралицата на Англија повеќе од 70 години. Ова се детали за нивниот брак кои малкумина ги знаат.

Елизабет и Филип се братучеди

Двојката е во роднинска врска, но многу далечна, и двајцата роднински се поврзани преку кралицата Викторија, која владееше со тогашната голема британска монархија  во 19 век. Сепак, и покрај кралската крв, тие пораснаа сосема поинаку, Елизабет во просперитет, со дадилки и приватни учители, а Филип претежно без пари. Тие се запознале кога таа имала само 13 години и веднаш се за е вљубиле еден во друг.

Нејзиниот татко се противел на бракот

Кралот Џорџ Шести се плашел дека Британците не би сакале наследничката да се омажи за сиромашен грчки принц со незгодни германски семејни врски. И уште повеќе му пречело грубото однесување на Филип, „како обичен морнар“ и неговото гласно, нескротливо смеење, додека мајката на Елизабет се плашела дека Филип ќе биде неверен сопруг, што до одреден степен се покажа како вистина. Во секој случај, Елизабет сепак се омажила за својот избраник веднаш штом наполнила 21 година.

Филип морал да се откаже од своите сестри

За да стане сопруг на Елизабета, Филип мораше да прифати британско државјанство и да се откаже од врската со Германија. Тој не смееше да покани никој од германската страна на семејството на свадбата, дури ни неговите три сестри, сите три во брак со Германци кои беа нацистички ориентирани.

Двојката има посебни спални соби

Елизабет и Филип имаат своја спална соба, но собите се поврзани за да можат да изберат дали ќе спијат во ист кревет или одделно.

Таа е негова кралица, тој не е нејзин крал

Кога Елизабета Втора била официјално крунисана во 1953 година, Филип продолжил да ја носи титулата војвода од Единбург и само се заколнал на верност на младата кралица. Тој станал принц дури во 1957 година, наводно, за да ги намали тензиите во бракот.

Филип не е пример за верност

Како што и стравувала мајката на Елизабета, Филип бил и останал склон на вонбрачни врски. По медиумите многу пишувале за жената со која принцот редовно се среќавал во стан на познат фотограф во Лондон, а биле спомнувани и други женски имиња. Но, дури и да имало такви проблеми во бракот, Елизабет и Филип очигледно ги решиле затоа што сè уште се заедно.

Никогаш не се држеа за рака во јавноста

За време на долгите години брак, Елизабет и Филип се појавиле безброј пати во јавноста, но тие никогаш јавно не се држеле за рака. Ова не значи дека немало љубов меѓу нив, туку тие едноставно припаѓаат на друга генерација која повеќе ги цени воздржаноста и дискрецијата отколку јавното покажување чувства. Филип себе си се сметал за прагматичен, не романтичен, но нема сомнение дека без неговата постојана поддршка, Елизабет никогаш не би ја носела круната толку успешно.

By Admin