Денес се чествуваат 82 години – Ден на народното востание на македонскиот народ познат и само како 11 Октомври — државен празник кој се празнува на 11 октомври во Македонија.

Ова е ден кога сите треба да сме горди на визијата, храброста, пожртвуваноста на хероите, нивниот слободарски дух, нивната желба за слобода и независна Македонија.

11 октомври, Востанието е спротивставување на фашизмот, но и борба за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку, напротив, жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна.

На 11 октомври 1941 година почна единственото непоразено востание кое претставуваше врвен израз на револуционерните и слободарски тенденции на македонскиот народ и народностите што живееја на оваа територија, обединети во заеднички сон за остварување на национална слобода во независна држава.

Се изборија за слобода да ја сочуваме.
НЕЗАБОРАВ И ВЕЧНА СЛАВА ЗА ХЕРОИТЕ, но и ветување дека стоиме зад нивната жртва и го почитуваме нивното дело.

By Author