На 07.10.2023 околу 20 часот полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГН Михајлово и ПС за ГП и ГН Богородица го привеле И.С. (23) од с.Корешница, кој со комбе „рено“ со кавадаречки регистерски таблички превезувал 30 мигранти. Возачот се обидел да избега од местото на настанот, но бил лишен од слобода од страна на полициските службеници. Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот, против И.С. ќе биде поднесена кривична пријава-соопштуваат од МВР. 

By Author