Едноставни и удобни за носење, еспадрилите се еден од омилените модели на обувки кои ги носиме во пролет и лето.Овие лесни чевли се сестрани и практични и можеме да ги носиме во сите секојдневни прилики.од колекциите на познати брендови, избравме неколку модели на еспадрили за оваа пролетна и летна сезона.

Со потоплите пролетни денови, а наскоро и летните, заедно со разните модели на отворени сандали и апостолки, сигурно најмногу ќе носиме еспадрили. Удобни и лесни, еспадрилите се одличен избор на обувки за секој ден и доаѓаат во навистина разновидна палета на модели.

Разноврсните еспадрили од затворен тип ќе ни послужат и како замена за нашите омилени тениски чевли или балетанки, додека оние со платформа или целосна потпетица лесно ќе заменат пар сандали што вообичаено ги носиме.

Препознатливиот испреплетен ѓон на еспадрилите им дава опуштено и шик чувство, додека горниот материјал главно од платно доаѓа во различни бои и дезени, украсени со детали или со логото на брендот.

By Author