Не е тајна дека Аристотел Оназис имал купено цел остров и таму направил рај на земјата. Но ретко се споменува дека друг остров го привлекол неговото внимание, а и покрај огромното богатство не успеал да го купи.
На списокот со желби на познатиот грчки бродосопственик Аристотел Оназис се наоѓал островот Скорпиос, кој подоцна го купил. Но, помалку е познато дека овој екстравагантен и пред се шармантен грчки богаташ имал желба да купи уште еден мал грчки остров, но и покрај огромното богатство не успеал, бидејќи локалното население жестоко се спротивставило велејќи дека „овој рај не е на продажба“!
Островот Тризонија, на само околу 400 метри од југозападниот брег на регионот Фокис, со право го привлекол неговото внимание.
Можеби звучи неверојатно, имајќи предвид дека повеќето места во Грција се веќе откриени, но сепак има многу скриени богатства во оваа земја. Еден од нив е островот Тризонија, кој стана попознат по посетата на Аристотел Оназис во 60-тите години на минатиот век.
Една од локалните легенди вели дека кога Оназис го посетил островот Тризонија, кој е оддалечен околу 140 километри од атинското пристаниште Пиреја, тој веднаш изразил желба да купи се. Меѓутоа населението жестоко се спротиставило велеќи дека островот не е на продажба.
За волја на вистината, не може да се каже дека никој од нив не помина низ главата дека можеби ќе беше добро ако Оназис го купеше овој остров, особено откако сфатија дека тој успеа да го претвори островот Скорпиос во рајско место.
Денес, овој остров е навистина една од идеалните дестинации, бидејќи на Тризонија нема гужви, но нема ниту автомобили. Затоа има феноменални плажи и на толку мал остров има доволно таверни и кафулиња.
Постојат неколку интересни факти за островот, првенствено главно превозно средство е велосипед. Со велосипед ќе можете многу брзо да го посетите целиот остров, бидејќи неговата површина е околу 2,5 км². Поради фактот што името на островот е поврзано со грчкиот збор, што значи штурци, ова е едно од ретките места каде што можете да уживате во песната на штурците.Овој мал остров кога му е сезоната го посетуваат илјадници луѓе дневно.
Освен марината за 650 чамци, Тризонија иако има толку мала област сепак има доволно плажи. Посебна атракција на овој остров е фактот дека автомобилите се забранети на него. Туристите можат да изнајмат скутери или да изберат да шетаат по островот и да возат велосипед.
Сепак која опција и да ја изберат, тие ќе уживаат во природните убавини што изобилуваат на островот, а во исто време и мирот и тишината, кои на сите нас очајно ни требаат.