Министрите за надворешни работи на одредени земји кои учествуваат на денешниот 30. Самит на ОБСЕ во Скопје го бојкотираа обраќањето на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Тие станаа и ја напуштија конференциската сала веднаш откако претседавачот со ОБСЕ, домаќинот на самитот, шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, го најави обраќањето на Лавров.

На социјалните мрежи се појави видео, снимено од руски дипломат присутен во салата, на кое се гледа дека Лавров не се поздравува со никого на пат кон своето место, ниту пак некој од колегите му пришол.

Лавров, како што може да се види на видеото, само го поздрави министерот за надворешни работи на Сан Марино, Лука Бекари, кој, според протоколот, седи десно од делегацијата на Руската Федерација.

Местото лево беше резервирано за романската делегација, која беше празна во моментот на пристигнувањето на Лавров.

By Author