Најмалку 10 лица загинаа, а 14 се ранети вечерва во напад со бомба поставена покрај пат и пукање врз возило и спасувачи во источната ирачка провинција Дијала, соопштија два безбедносни извори.

Како што наведоа, нападот кај градот Амранија бил насочен кон роднините на локалниот пратеник, пренесува Ројтерс.

Оттаму додаваат дека две бомби биле фрлени покрај патот, а непознати напаѓачи отвориле снајперски оган врз мештаните кои пристигнале на местото на настанот за да помогнат.

Безбедносните сили најавија воведување полициски час во областа, а во тек е потрага за приведување на одговорните.

Тие не соопштуваат детали за можните мотиви за нападот.

By Author