Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во период од 8 до 10 јули направени се 1.869 тестови, а регистрирани се 524 нови случаи на КОВИД-19, оздравени се 463 пациенти, а нема пријавени починати лица во изминатите три дена. Регистрирани се четири починати лица во период од 28 јуни до 7 јули. Во моментов активни се 1.645 случаи на коронавирусот, информира Министерството за здравство.

Од вкупниот број на новозаразени (524) лица, 29 се реинфекции.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани четри починати лица, од кои две лица од Скопје (67г и 83г) и по едно лице од Охрид (80г) и Тетово (69г), од пријавените починати лицa две се починати во болнички услови, а две во домашни услови. Починатите се пријавени во период од 28 јуни до 07 јули 2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.090.703 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 316.219, бројот на оздравени пациенти е 305.239, на починати е 9.335, а бројот на активни случаи изнесува 1.645.

By Author